• понеделник, 23 декември 2024

ЦУК: На 112 во последното деноноќие 1.892 повици, најмногу за полицијата, пријавени и пет пожари на отворено

ЦУК: На  112 во последното деноноќие 1.892 повици, најмногу за полицијата, пријавени и пет пожари на отворено

Скопје, 5 јануари 2024 (МИА) - На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие примени се 1.892 повици, од кои „реални“ биле 44,08 отсто, а  55,92 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Како што соопшти ЦУК, од реалните повици кон Полиција биле упатени над половина од повиците - 54,83 отсто, кон Итната медицинска помош 40,69 процнети, а кон пожарникарите  2,41 проценти.

Повиците вкупно на број 1.064 повици што се за комбинирано решавање (2,07% од „реални“ повици, заедно со другите 55,92% што се именувани како „неитни повици“), биле предмет на примање и обработка во ЦУК, според стандардните оперативни процедури во координација со ангажираните институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Вчера, се наведува, регистрирани се и пет пожари на отворено и покрај влажното време во последното деноноќие. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Битола, од 14:45 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с. Тепавци.

Од ТППЕ Прилеп, од 16:45 до 19:10 часот, со два пожарникара и ено ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во атар на с. Алдинци, а и имале и две други помали интервенции поради запалени трски во близина на Прилепската пиварница и во атар на с. Дабница. Пожарникарите од ТППЕ Валандово, од 22:14 до 23:05 часот, со два пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена дива депонија пред с. Брајковци, наведуваат од ЦУК. вг/цр

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан