• петок, 05 декември 2025

Црн Дрим победник на хуманитарниот турнир во баскет 3×3 во Кисела Вода

Црн Дрим победник на хуманитарниот турнир во баскет 3×3 во Кисела Вода

Скопје, 20 септември 2025 (МИА) – Екипата на Црн Дрим е победник на хуманитарниот турнир во баскет 3×3 одржан денеска на кошаркарскиот терен „Парк Македонија“ во општина Кисела Вода.

Во финалето Црн Дрим од Струга го победи тимот на Хутерс од Кочани со 21:15.

Организаторот на турнирот за победникот обезбеди награда од 40.000 денари. Наградата и медалите на победникот им ги врачи пратеничката и кандидатка за градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Второпласираниот тим доби 20.000 денари.

Турнирот го организира „Future Athlete Agency“ со поддршка на Општина Кисела Вода и Министерството за спорт.

На турнирот учествуваа 16 екипи кои одиграа неколку интересни натпревари решени во самиот финиш.

Покрај натпреварите во 3×3 баскет имаше и натпревар во шутирање „тројки“. Победи Божин Мицковски.

Турнирот имаше хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан