• петок, 22 ноември 2024

Црногорскиот министер за правда побара од премиерот Спајиќ да поднесе предлог за негово разрешување

Црногорскиот министер за правда побара од премиерот Спајиќ да поднесе предлог за негово разрешување

Подгорица, 24 јуни 2024 (МИА) - Црногорскиот министер за правда Андреј Миловиќ денеска соопшти дека го повикал премиерот Милојко Спајиќ да поднесе предлог за негово разрешување.

Миловиќ во објава на платформата Х објасни дека не поднел оставка. Тој наведе дека е „логично Владата да не може да прифати нешто што не постои“, бидејќи не поднел оставка и додаде дека Собранието е надлежно да го потврди неговото разрешување.

„ИБАР го прекина молкот, сега доаѓа период на вистината. Тоа им го должиме на граѓаните и на Црна Гора, јас немам што да кријам“, рече Миловиќ.

„Потсетуваме дека надлежните органи на движењето донесоа едногласна одлука за исклучување откако господинот Миловиќ во континуитет застапуваше ставови кои не беа во согласност со партијата, па на крајот ова сценарио е сосема очекувано и реално“, се наведува во соопштението. паг/

Фото: Википедија



 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан