• недела, 22 декември 2024

Црногорската полиција бара докази за шверц со цигари во пристаништето Бар

Црногорската полиција бара докази за шверц со цигари во пристаништето Бар
Подгорица, 15 јуни 2021 (МИА) - Припадници на црногорскиот Сектор за борба против криминалот утрово влегоа во пристаништето Бар, каде трагаат по докази за шверц на цигари во милионска вредност, објави подгорички весник Вијести. Весникот објави дека тие „обработуваат документација на компаниите што се занимаваат со увоз на разни видови стоки, како и царинскиот магацин во слободната зона на Барското пристаниште“. За борба со шверцот на цигари преку пристаништето Бар неодамна спомена лидерот на Движењето за промени, Небојша Медојевиќ. На крајот на мај, тој тврдеше дека за 15 дена од 80 до 100 контејнери со шверцувани цигари го напуштиле царинскиот магацин во слободната зона во пристаништето Бар, чија вредност се проценува на 26 милиони евра. ми/

Остани поврзан