• петок, 03 јануари 2025

Црна Гора: Јужнокорејскиот државјанин До Квон е екстрадиран во САД

Црна Гора: Јужнокорејскиот државјанин До Квон е екстрадиран во САД

Подгорица, 31 декември 2024 (МИА) – Јужнокорејскиот државјанин До Квон, попознат како „Кралот на криптовалутите“, денеска е екстрадиран во Соединетите Американски Држави.

До Квон е екстрадиран од аеродромот во Подгорица од службеници на НЦБ Интерпол Подгорица, со поддршка на Специјалната полициска единица, соопшти Полициската управа на Црна Гора.

Екстрадиција на До Квон бараа Јужна Кореја и САД поради измама на инвеститори во криптовалути во износ од десетици милијарди долари.

До Квон беше уапсен на крајот на март 2023 година на аеродромот во Подгорица по налог издаден од Јужна Кореја, која прва поднесе барање за негова екстрадиција. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан