• недела, 22 декември 2024

Црковна богослужба во чест на Св.Наум Охридски - Чудотворец

Црковна богослужба во чест на Св.Наум Охридски - Чудотворец
Делчево, 3 јули 2022 (МИА) - Во крстилницата при соборниот храм „Св.Кирил и Методиј" во Делчево се одржа црковна богослужба по повод празникот Св.Наум Охридски - Чудотворец. Како што посочи пред верниците отец Јован Џаџовски, денеска меѓу другото се празнува денот посветен на светителот кој неуморно се трудел на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. -Денес драги браќа и сестри го прославуваме споменот за Преподобниот Наум Охридски, еден од првите ученици на словенските првоучители Светите Кирил и Методиј, брат и содружник на Свети Климент Охридски. За него повеќе се знае од неговите проповеданија како за Чудотворец, рече Џаџовски. Скоро и да нема документ на Св.Климент во кој како што истакна отецот, а да не се споменува Св.Наум Охридски - Чудотворец. -Големи чуда се случиле на неговиот манастир помагајки на сите оние кои ја побарале неговата помош. Нека ни е напомош денешниот празник, истакна Џаџовски. Крстилницата посветена на „Св.Наум“, е дел од големата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево е осветена во 2013 година и од тогаш до денес во неа секоја година се служи литургија во чест на ученикот на сесловенските браќа.вс/свс

Остани поврзан