Црвениот крст: Волонтерите се на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите во државата
- Волонтерите на Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжуваат да бидат на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите во нашата држава. Тие неуморно работат на дистрибуција на хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства, со цел да им помогнат на семејствата што се соочуваат со тешки последици од временските непогоди, се вели во соопштението од Црвениот крст, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 16 февруари 2026
Волонтерите на Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжуваат да бидат на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите во нашата држава. Тие неуморно работат на дистрибуција на хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства, со цел да им помогнат на семејствата што се соочуваат со тешки последици од временските непогоди, се вели во соопштението од Црвениот крст, што МИА го објавува интегрално.
Покрај материјалната помош, волонтерите даваат и психосоцијална поддршка (ПСС) обезбедувајќи разговор, емоционална поддршка и насоки за справување со стресот и траумата предизвикани од поплавите. Тие помагаат при евакуација, вршат процена на потребите на погоденото население и соработуваат со локалните институции за побрзо и поефикасно справување со состојбата на терен.
КИЧЕВО
Во општина Кичево, како резултат на поплавите, евакуирани и згрижени се вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца, меѓу кои едно дете на возраст од 1 месец, едно од 2 месеца, едно од 7 месеци и 58 деца на возраст од 2 до 10 години. Меѓу евакуираните има и 189 возрасни лица, од кои 102 жени и 87 мажи, како и 11 лица со инвалидитет.
Со материјална штета се засегнати вкупно 362 домаќинства, односно речиси 1.200 лица, кои се соочуваат со последиците од временската непогода.
За привремено сместување на евакуираните обезбедена е спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, каде што им се обезбедуваат основни услови за престој. Надлежните служби и Црвениот крст на РСМ остануваат на терен и продолжуваат со активностите за помош и поддршка на погоденото население.
Фото Црвен крст