• сабота, 18 мај 2024

Црвениот картон на Винисиус е поништен, тој може да игра против Рајо Ваљекано

Црвениот картон на Винисиус е поништен, тој може да игра против Рајо Ваљекано

Мадрид, 24 мај 2023 (МИА) - Натпреварувачкиот комитет на шпанската фудбалска федерација донесе одлука за исклучувањето на напаѓачот на Реал Мадрид, на натпреварот со Валенсија.

 

Црвениот картон е поништен, па 22-годишниот Бразилец ќе може да игра против Рајо Ваљекано. Причина за поништувањето на дисквалификацијата е немањето целосни информации за инцидентот, вклучувајќи го и неговиот клучен дел.

 

За време на средбата, Винисиус имаше конфликт со навивачите на Валенсија. Играчот неколку пати беше цел на расистичките навреди упатени од трибините. 

Во судиското надополнување дојде до физичка пресметка на теренот меѓу фудбалери од двете екипи. Откако ја погледна видео репризата судијата донесе одлука за отстранување на напаѓачот на Реал Мадрид. Сепак, следниот ден судијата доби суспензија поради неговата грешка. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан