Циклонот Јас усмрти најмалку пет луѓе во Индија
- Најмалку пет луѓе загинаа, а илјадници останаа без своите домови откако циклонот Јас го погоди источниот брег на Индија

Њу Делхи, 27 мај 2021 (МИА) - Најмалку пет луѓе загинаа, а илјадници останаа без своите домови откако циклонот Јас го погоди источниот брег на Индија.
Циклонот беше пропратен со високи бранови и ветер со брзина од 155 километри на час.
Индиските власти наредија евакуација на околу половина милион луѓе пред налетот на циклонот Јас во Бенгалски Залив, во индиските држави Источен Бенгал и Одиша.
Најмалку 155 луѓе загинаа минатата недела во налет на циклонот Тауктае во западниот дел на Индија. ми/