• сабота, 21 декември 2024

ЦИВИЛ на средба со кумановскиот градоначалник

ЦИВИЛ на средба со кумановскиот градоначалник
Куманово, 6 април 2023 (МИА) - ЦИВИЛ преку проектот „Заедно за подобра иднина“, денеска оствари средба со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Претседателот на организацијата, Џабир Дерала во изјавата за медиумите по средбата рече дека со кумановскиот градоначалник се договориле за подготовка на две активности.

-Едната се однесува на граѓанска средба насловена „Граѓански дијалози, а во втората половина од годината ќе се организира и награден конкурс со покровителство на општината која ќе награди ученици од основни училишта кои ќе сликаат на темите за мултикултурализам. Со Димитриевски, разменивме мислења за актуелните процеси во земјава поврзани со мултикултурализмот, меѓуетничките, меѓуверските односи, рече Дерала.

Проектот на ЦИВИЛ се спроведува четврта година со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.

Средбата со градоначалникот Димитриевски е дел од серијата со градоначалници на кои е предвидено да стане збор за соработка и организирање јавен настан на тема „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“.

Овие средби се дел од проектот на ЦИВИЛ „Заедно за подобра иднина“, посветен на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности.ам/
 
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан