Церемонија за отворање на новата академска година во ИБУ
- Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ) денеска организира церемонија за отворање на новата академска 2024-2025 година.

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ) денеска организира церемонија за отворање на новата академска 2024-2025 година.
Од Меѓународниот Балкански Универзитет информираат дека покрај проф. д-р Љутфи Сунар, ректорот на ИБУ, на церемонијта ќе присуствуваат и министерот за здравство Арбен Таравари и заменик-министерот за образование и наука Љуљзим Алиу.
Церемонијата ќе се одржи во 10:00 часот во Кампусот на ИБУ во Скопје. фф/вг/
Фото: Меѓународен Балкански Универзитет