Централната банка на Русија ги ограничи исплатите
- Централната банка на Русија соопшти дека на граѓаните со девизни сметки нема да им биде дозволено да подигнат повеќе од 10.000 долари.

Москва, 9 март 2022 (МИА) – Централната банка на Русија соопшти дека на граѓаните со девизни сметки нема да им биде дозволено да подигнат повеќе од 10.000 долари.
Одлуката ќе важи до 9 септември.
Сè што е над таа сума ќе се плаќа во рубљи по пазарен курс.
Ова е еден од низата чекори што банката ги презеде како одговор на странските санкции кои доведоа до превирања на рускиот финансиски пазар. јт/