• петок, 05 декември 2025

Централен регистар официјално е највисоко рангирана институција во државата

Централен регистар официјално е највисоко рангирана институција во државата

Скопје, 25 април 2025 

Централен регистар официјално е највисоко рангирана институција во државата.

Согласно евалуација на институциите спроведена од страна на Министерството за јавна администрација (МЈА), највисоко рангирана институција во државата е Централен регистар.

Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите ги опфати предизвиците поврзани со интеграциите во Европската Унија опфатени преку „Принципите на јавната администрација“ на СИГМА и извештаите од Европската Комисија за напредок на Република Северна Македонија.

Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите има за цел да обезбеди подобрен квалитет во работењето на администрацијата и поквалитетни услуги за граѓаните и бизнис секторот и тоа во 5 области:

Стратешко планирање;
Управување со човечки ресурси;
Обезбедување услуги;
Транспарентност; и
Управување со квалитет
Во однос на достапноста на услугите, усвоени се и Стандардите WCAG за веб пристапност на веб страните на институциите, а процесот на оценка на квалитетот на работата на институциите овозможи да се идентификуваат институциите кои добро работат и кои испорачуваат квалитетни услуги.

Одржувањето на највисокото ниво на испорачување услуги е сериозна, комплексна, а пред се зрела одлука на една институција, која за Централен регистар претставува обврска кон корисниците на услугите и сите граѓани кои имаат потреба од оваа институција.

 

Централен регистар 

_______________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан