• понеделник, 18 ноември 2024

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 31 јануари

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 31 јануари

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Цените на основните прехранбени производи, водата, негазираните и газираните пијалоци и пивото остануваат замрзнати до 31 јануари, одлучи денеска Владата.

Одлуката е донесена на предлог на Министерството за економија и, како што се наведува во владиното соопштение, е во интерес на граѓаните поради престојните новогодишни и божиќни празници. 

- Според денешната владина одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, кое што беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари. Станува збор за белиот ориз, пченично брашно - тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка, се наведува во соопштението. 

До 31 јанаури остануваат замрзнати и цените на негазираната и газираната вода, одредени видови негазирани и газирани пијалоци и пивото. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан