• четврток, 14 ноември 2024

ЦЕМИ: Во вториот изборен круг Милатовиќ освои 60,5 отсто од гласовите, Ѓукановиќ 39,5 отсто

ЦЕМИ: Во вториот изборен круг Милатовиќ освои 60,5 отсто од гласовите, Ѓукановиќ 39,5 отсто

Подгорица, 2 април 2023 (МИА) - Претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, освои 60,5 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, покажуваат проекциите на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) врз основа на 54,8 отсто од обработениот изборен материјал.

ЦЕМИ соопшти дека 39,5 отсто гласале за претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.

Според податоците на Центарот за демократска транзиција, во вториот круг од претседателските избори гласале околу 383,3 илјади гласачи или 70,7 отсто. сд/

Остани поврзан