Целосната реконструкција на три улици во Радишани
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 10 март 2025
Ве известуваме дека денес (10 март 2025 год.) започна целосната реконструкција и санација на 3 улици во Радишани. Краците на улица “Радишанска” во должина од 500 метри и површина од 1461 метар квадратен ќе се асфалтираат по машинското гребење и поставување на нов тампон.
Локалната самоуправа продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места во општината. Овие активности се реализирани преизборни ветувања на градоначалникот Дарко Костовски. Истовремено, општината започна проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари.
Општина Бутел
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото: Општина Бутел