• понеделник, 23 декември 2024

Царовска: Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се рециклирани кадри на Груевски

Царовска: Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се рециклирани кадри на Груевски
Скопје, 12 март 2020 Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска во вечерашното гостување на ТВ Алсат зборуваше за изборните листи на партијата и зошто тие се победничките листи на престојните избори. „На нашите листи, ние имаме претставување на нашето граѓанско општество. Тука може да забележите претставници на сите етнички заедници, вклучително и на албанската етничка заедница.  При тоа не зборувам за коалицијата со движењето Беса,  која што има позиции на листите, зборувам за Албанци, Бошњаци, Роми, Турци, кои се членови на СДСМ, истакнати членови коишто може да ја вратат довербата кај граѓаните дека оваа држава може да оди непред, и да се развива и движи по патеката која што ја воспоставивме како владеачка политичка партија. Сметам дека на овој начин треба да ја гледаме иднината на државата, во граѓански концепти, коишто се грижат, листите навистина да го претставуваат општеството.“- објасни Царовска. Според неа добро е да се имаат Албанците во коалиција за да може да се креираат добри политики во полза на граѓаните. „За да покажеме дека се грижиме за сите граѓани, треба да ги имаме претставено и нашите листи. Никој не може да ги покаже или да ги каже кои се потребите на одредена група, сите ние сме во различни групи поставени во државата, и токму затоа сметам дека тој концепт кој што ВМРО-ДПМНЕ го пласира сега е лажен, заради тоа што навистина покажаа дека не можат Албанец да позиционираат на својата листа, а тоа укажува  дека тие не можат да прават добри политики за Албанците.  Заради тоа треба да ги имате и Албанците присутни до себе и да креирате добри политики за сите етнички групи“- аргументираше Царовска на Алсат. Јас би сакала за да ги потсетиме граѓаните какво беше владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и колку тоа системот беше уништен во тоа владеење од 11 години, па потоа да зборуваме колку е свежа понудата на рециклирани кадри на Никола Груевски, од кого ВМРО-ДПМНЕ никогаш, ама никогаш не се повлече и никогаш не рече дека едноставно се оградува од целата политика на дивеење и уништување на државата којашто ја спроведуваше Никола Груевски. Сите учесници од 27 април апсолутно не смеат да бидат на листи. Тие влегоа и направија директен удар на Собранието и се обидоа да ликвидираат луѓе, политичари, пратеници и тоа е така. ВМРО-ДПМНЕ за тоа ќе ја сноси својата одговорност. Дурловски дали е морален и чесен тоа ќе мора да си зборувате во своите кругови, затоа што тука е многу нечесно на целата јавност да и се обраќате дека некој којшто се обидел да влезе во Собранието и да направи таква свирепа физичка ликвидација на многу луѓе во тоа Собрание навистина е нечесно и за мене е многу страшно.“- категорична беше потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на Алсат телевизија, додека ги коментираше листите на ВМРО ДПМНЕ. Таа направи спроедба на целата деценија власт на ВМРО ДПМНЕ и на поледните две и пол години додека СДСМ ја води државата. Бројките покажуваат значителна предност на политиките на СДСМ. „Токму затоа јас би сакала да зборуваме за тоа колку вработени лица имаа тие помеѓу 2012 - 2014 година. Ќе видиме дека имале 47.000. Ние за исти временски период  10 квартали, од јули 2017-та до  декември 2019-та имаме 67.000 вработувања. Намалување на невработеноста имаме исто така во огромен пад, или наследивме некаде 22%, денеска имаме рекордни 17%. Затоа споредувам број на вработени, дека имаме вработувања, а не иселувања како што имаат тенденција да зборуваат во ВМРО ДПМНЕ. Да не зборуваме дека ја зголемивме за 3.200 денари нето платата во нашата држава, а тие ја зголемиле само за 800 денари исто така за 10 квартали тоа е во 2015 до 2017 година. Извозот е зголемен. Странските директни инвестиции се два пати или за 63% поголеми од тоа што се случувало во нивно време. Исто така имаме вкупно 24 странски инвеститори за само 2 години наши додека во нивно време се само околу 13. И сето ова укажува дека за три години ние сме постигнале два пати повеќе од тоа што тие успеале во владеење од 12 години.“- направи Царовска споредба низ бројки. Токму затоа таа е уверена во победа на изборите, затоа што граѓаните веќе ја препознаваат европската политика на СДСМ. „Сметам дека граѓаните тоа ќе го препознаат и ќе ги проверат листите кој за што се застапувал, кои од тие на листата учествувале и во законодавниот дом. Кој од истите тие лица претходно биле во институциите и трошеле не за граѓаните, туку трошеле за лични потреби, за ручеци, за патувања, наместо да ги пренасочат парите кон граѓаните. Тоа расипничко дејствување и делување на ВМРО-ДПМНЕ 12 години не доведе во една критична систуација во 2016 година. Сето тоа го оправивме и денеска со гордост можеме да кажеме дека парите од Буџетот 50% се насочени кон образование, здравство и социјална заштита. Имаме огромен процент насочен кон инвестиции кон приватниот сектор за да може тие да допринесат кон подобра ситуација во државата и поквалитетн живот за граѓаните.“- поентираше Царовска. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ _____________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан