• сабота, 21 декември 2024

Царовска: Наставниците се најважната алка во образованието, силно ќе инвестираме во нив

Царовска: Наставниците се најважната алка во образованието, силно ќе инвестираме во нив
Скопје, 17 септември 2020 (МИА) - Министерката за образование и наука Мила Царовска, вечерва во гостување во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма рече дека инвестирањето во наставниците ќе биде еден од клучните приоритети, бидејќи тие се алката на пренесувањето на знаењето на децата. -Мора да истакнам дека навистина треба да се работи на мотивација на наставниците да го дадат максимумот од себе. Имаме прекрасни наставници кои се ентузијасти и кои верувам дека ќе научат да ја практикуваат платформата и да ја држат наставата преку неа. Ако постојано ги обучуваме сигурна сум дека идната година ќе постигнеме уште поголеми успеси. Имаме и група наставници кои потешко ќе се снајдат, но верувам дека и тие ќе покажат резултати, рече Царовска. Министерката истакна и дека ќе се работи на менталното здравје коешто е многу важно и дека министерството освен што ќе се фокусира на успешен старт на учебната година во време на Ковид, ќе се фокусира и на психолошката поддршка на учениците. -Ако се фокусираме само на техничките знаења на учениците ќе создадеме генерации што нема да знаат да почитуваат. Затоа сметам дека е многу важно да воспоставиме и психолошка поддршка преку Единствената национална платформа . Деновиве за тоа ќе разговараме со психолозите од повеќе здруженија во државата кои испратија писмо со иницијатива за соработка, рече Царовска.ир/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан