• понеделник, 23 декември 2024

Царинската управа заплени  90 илјади евра на аеродромот во Скопје

Царинската управа заплени  90 илјади евра на аеродромот во Скопје

Скопје, 4 јули 2023 (МИА) - Царинските службеници од царинската испостава Аеродром спречија обид за нелегално изнесување на девизи и запленија 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А. кој патувал на релација Скопје – Цирих.

Како што денеска соопштија од Царинската управа, патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром Скопје се пријавил со само еден сив куфер, по што се упатил на излез од Република Северна Македонија и не пријавил ништо за царинска контрола.

- При контрола на патникот од страна на царински службеник, во предните и задните џебови се пронајдени 100 илјади евра кои не биле пријавени, со што е сторен прекршок по член 56-в став 2 од Законот за девизно работење. Согласно Законот вратени му се 10 илјади евра, а останатите 90 илјади евра за кои не поседувал документ се привремено задржани, појаснуваат од Царина.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд. цр/мч/

Фото: Царинска управа

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан