• недела, 22 декември 2024

Хутите нападнаа шест бродови во Црвеното Море, Арапското Море и Средоземното Море

Хутите нападнаа шест бродови во Црвеното Море, Арапското Море и Средоземното Море

Сана, 29 мај 2024 (МИА) - Јеменските Хути нападнаа шест бродови во три различни мориња, вклучително и носачот на нафта „Лаакс“ што плови под знамето на Маршалските острови, а е оштетен по нивниот напад во близина на брегот на Јемен, соопшти денеска јеменската бунтовничка група поддржана од Иран.

Бродот „Лаакс“ бил нападнат вчера, јавија британските медиуми.

Хутите, исто така, ги нападнаа бродовите „Мореа“ и „Селајди“ во Црвеното Море, „Алба“ и „Маерск Хартфорд“ во Арапското Море и бродот „Минвера Антонија“ во Средоземното Море, изјави воениот портпарол Јахја Сари во телевизиски говор.

 Хутите, кои ги опишуваат нивните напади како акти на солидарност со Палестинците во војната во Газа, од ноември извршија напади со беспилотни летала и ракети во регионот на Црвеното Море, а подоцна се проширија во Индискиот Океан.

Тие постојано се закануваат дека ќе ги напаѓаат сите бродови кои пловат кон израелските пристаништа, дури и во Средоземното Море.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан