• сабота, 18 мај 2024

Хумза Јусаф избран за лидер на Шкотската национална партија

Хумза Јусаф избран за лидер на Шкотската национална партија

Лондон, 27 март 2023 (МИА) - Владејачката Шкотска национална партија (СНП) денеска го избра Хумза Јусаф за нов лидер.   

Јусаф досега беше министер за здравство на Шкотска. Тој освои повеќе гласови од двајцата шкотски пратеници во трката за лидер на СНП, откако долгогодишната премиерка Никола Старџен минатиот месец неочекувано поднесе оставка. 

Новиот лидер на СНП се соочува со предизвикот да ја обедини партијата и да даде нова енергија во кампањата за независност на Шкотска од Велика Британија. 

Јусаф (37) е син на имигранти од Јужна Азија. ми/

Остани поврзан