• понеделник, 23 декември 2024

Хумелс прослави јубилеј, го одигра 250. натпревар за Борусија Дортмунд во Бундеслигата

Хумелс прослави јубилеј, го одигра 250. натпревар за Борусија Дортмунд во Бундеслигата
Волфзбург, 23 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс денес го одигра јубилејниот 250. натпревар за „милионерите“ во Бундеслигата. Тој беше заменет за време на полувремето поради повреда на ногата. Средбата против Волфзбург заврши со победа на Борусија со 2:0. Триесет и едногодишниот Хумелс започна да игра за Борусија од сезоната 2007/08, но во 2016 година се пресели во Баерн. Во јуни 2019 година, клубот од Дортмунд го врати Хумелс за 38 милиони евра. Оваа сезона германски фудбалер одигра 25 натпревари во Бундеслигата за Борусија и постигна еден гол. зс/

Остани поврзан