• понеделник, 23 декември 2024

Хуманитарна акција „Волшебно велигденско дрво“ во Рамстор Мол

Хуманитарна акција „Волшебно велигденско дрво“ во Рамстор Мол
Скопје, 13 април 2021 (МИА) - Во пресрет на христијанскиот празник Велигден, и оваа година ќе се одржи хуманитарната акција „Волшебно велигденско дрво“, наменета за корисниците од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Пролет“. Хуманитаната акција ќе трае до 27 април. Оранизирана е од Црвен крст на Град Скопје и Рамстор Mол, а во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје. Поддржана е од Комерцијална банка АД Скопје. Сите посетители на Рамстор Мол ќе имаат можност да одберат едно или повеќе хартиени велигденски јајца од „Волшебното велигденско дрво“, на кое се напишани желбите на корисниците од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Пролет“ и да исполат нечија желба. -Се повикуваат сите граѓани и општествено одговорни компании да се вклучат во оваа акција, за заедно да исполниме желби и да донесеме среќа, сега и во едни дополнително отежнати услови на пандемија, каде што секое дружење и активности се ограничени и сведени на минимум, се наведува во соопштението на Рамстор Мол.бт/скс/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан