• петок, 05 декември 2025

Хуманитарен настан во делчевско Габрово за доуредување на дворот во црквата „Св. Димитриј“

Хуманитарен настан во делчевско Габрово за доуредување на дворот во црквата „Св. Димитриј“

Делчево, 1 август 2025 (МИА) – Во делчевското село Габрово се одржа традиционалната хуманитарна забава, која секоја година се организира со цел доградба и доуредување на дворното место во црквата „Св. Димитриј“.

Оваа година, како што информираше иселеникот и организатор на настанот Зора Димитровска средствата собрани на настанот ќе бидат наменети за уредување на дворното место околу храмот.

-Сакаме да изградиме простор каде верниците и посетителите ќе можат да се засолнат кога ќе заврне дожд. Црквата е целосно изградена, но останува уште тој дел за конечно заокружување на замислата. Голема благодарност до сите иселеници од Америка, Австралија, Италија, Швајцарија, Германија и други земји, како и до сите помагатели кои низ годините придонесоа ова да се реализира, изјави  Димитровска.

На хуманитарната вечер настапија Спасен Силјаноски, „Модерато Бенд“, како и тапанџии од Делчево. Посебна емоција предизвика изведбата на песната „Мое Делчево“ од Лоренцо Трајановски.

Како дел од активностите за поддршка на доизградбата, претходно иселениците од Швајцарија организираа и турнир во петанки, а средствата од тој настан исто така ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Хуманитарната традиционална забваа во село Габрово секоја година се одржува кон крајот на јули и почетокот на месец август. вс/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан