Хуманитарен базар на храна и вино во Кавадарци
- Хуманитарен базар на храна и вино се реализира денеска на градскиот плоштад во Кавадарци, во рамките на новогодишната програма на кавадаречката локална самоуправа.
Кавадарци, 19 декември 2025 (МИА) - Хуманитарен базар на храна и вино се реализира денеска на градскиот плоштад во Кавадарци, во рамките на новогодишната програма на кавадаречката локална самоуправа.
- Во склоп на празнувањето на новогодишните празници, го организиравме овој базар со кој ја славиме традицијата во Тиквешијата. На штандовите на плоштадот имаме храна и вино подготвени од вредни кавадаречки раце. Настанот се спроведува со поддршка на Општината. Активностите имаат хуманитарен карактер. Секој посетител ќе има можност да донира во рамките на своите можности, со донираните финансиски средства ќе бидат поддршка за најранливи категории наши сограѓани, рече за МИА, Лидија Кузумова, раководителка на сектор за култура и јавни дејности при Општина Кавадарци.
Таа упати покана, сите заинтересирани да ги посетат и останатите настани од новогодишната програма во Кавадарци. свд/вј/
Фото: МИА