• понеделник, 23 декември 2024

Хулк: Кина се враќа во нормала

Хулк: Кина се враќа во нормала
Шангај, 2 мај 2020 (МИА) - Напаѓачот на Шангај СИПГ, Хулк вели дека ситуацијата во Кина се врати во нормала по избувнувањето на коронавирусот. Првенството во земјава сè уште не е започнато. - Ние се вративме во нормала. Треба да преземеме мерки на претпазливост. Ако излезам и има многу луѓе, тогаш морам да облечам маска. Секогаш се обидувам да имам средства за дезинфекција со мене за да можам да го користам кога сум во контакт со некои работи. Се тука е многу посмирено, за разлика од она што се случи во февруари. Денес можам да видам дека сè работи добро, како рестораните. Гледаме колку важна работа завршила кинеската влада. Тие успеаја да ја преземат контролата врз сè. Резултатот дојде многу брзо, фала му на Бога. Продолжувам да се надевам дека целиот свет ќе може да ја надмине оваа тешка и тажна ситуација, вели Хулк. Бразилецот вели дека е многу добро дека можам да тренирам повторно и да комуницирам со моите соиграчи. - Нашиот тренер сака да работиме со топка. Се разбира, веднаш почнавме да го правиме тоа со преземање мерки на претпазливост. Веќе долго време не трениравме со топка и моравме постепено да се враќаме на тоа, изјави Хулк за „Глобо Еспорте“.

Тагови

Остани поврзан