Христов: Градскиот пазар во Кочани ќе го трансформирам во современ и безбеден пазарен простор на соодветна локација
- Градскиот пазар во Кочани конечно треба да добие достоинствен изглед и функционалност каква што заслужуваат и граѓаните и трговците, вели кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Игор Христов, на прес конференција денеска на кочанскиот пазар.
Кочани, 8 октомври 2025 (МИА) - Градскиот пазар во Кочани конечно треба да добие достоинствен изглед и функционалност каква што заслужуваат и граѓаните и трговците, вели кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Игор Христов, на прес конференција денеска на кочанскиот пазар.
-Во моментов, пазарот за текстил и за широка потрошувачка се простира долж улицата „Гоце Делчев” и секој четврток, кога е пазарен ден, коловозната и тротоарската површина се зафатени со тезги што создава сообраќаен хаос и несоодветни услови за работа и за купување. Тоа ја нарушува и безбедноста во овој дел од градот, каде што има и основно училиште, детска градинка, објекти за колективно домување. Во вакви услови, пазарот ги иритира и домаќинствата што живеат на овој потег, кои немаат пристап до сопствените влезови и гаражи, смета Христов.

Како кандидат за градоначалник, нагласи тој, ќе се залага за системско решение — уредување на модерен, безбеден и хигиенски пазарен простор на соодветна локација, со санитарни услови и пристап за сите граѓани. Ова не е само прашање на уредување, туку и на ред, економски развој и почит кон јавниот простор.
Христов, истакна дека како иден градоначалник на Општина Кочани, со советничкиот состав од СДСМ и коалицијата, ќе реализира проект што ќе го
трансформира пазарот во современ градски пункт, каде што ќе се спојуваат традицијата, локалната економија и урбаниот развој. ис/вг/
фото: МИА