• понеделник, 23 декември 2024

Христијанските мозаици под завеса за време на молитвите во Аја Софија

Христијанските мозаици под завеса за време на молитвите во Аја Софија
Истанбул, 20 јули 2020 (МИА) - Христијанските мозаици на ѕидовите на Аја Софија во Истанбул, која минатата недела беше пренаменета од музеј во џамија, за време на муслиманските молитви ќе бидат прекриени со завеси, изјави портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин. Тој истакна дека некои мозаици на Богородица и Архангел Гаврил, кои се наоѓаат во насока на киблата, кон која муслиманите се свртени во текот на молитвата, ќе бидат прекриени со завеси. Според него, останатите мозаици со христијански мотиви и личности не претставуваат пречка за муслиманските верници, бидејќи се наоѓаат на други места. Сепак, Калин не изјави дали тие ќе останат видливи постојано. Освен за муслиманските верници, Аја Софија ќе биде отворена за сите посетители и туристи, а сите мозаици ќе останат непрекриени, соопштија турските власти. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја посети вчера Аја Софија, со цел да провери до каде се активностите околу пренамената на овој објект во џамија. гт/

Остани поврзан