• четврток, 25 декември 2025

Хоџа: Останува определбата за оптимизација на администрацијата

Хоџа: Останува определбата за оптимизација на администрацијата
Скопје, 17 ноември 2021 (МИА) - Капиталните инвестиции во Предлог-буџетот за 2022 година се планирани во износ 37.8 милијарди денари кои се околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа. Хоџа потенцира дека главна карактеристика на Предлог-буџетот за 2022 година е развојната компонента при што обезбедува непречено финансирање на функциите на државата и силна финансиска поддршка за економското заздравување и забрзаниот инклузивен и одржлив економски развој. - Останува определбата за оптимизација на администрацијата преку контрола на новите вработувања, како и подобрување на квалитетот на животот на вработените и зголемување на мотивот за професионално, квалитетно и целосно исполнување на работните задачи. Предвидени се зголемувања на платите кај здравствените работници, инспекторите, судството и обвинителството, професионалните војници, вработените во ИПА структурите, шумската полиција, рече тој. Портпаролот на Владата Хоџа истакна дека Предлог буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година има четири основни цели: зачувување на здравјето и животот на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури.фф/лв/

Остани поврзан