• недела, 22 декември 2024

Хоџа: БЕСА ги покажа своите опозициски позиции, изминативе месеци има низа критики кон актуелната Влада

Хоџа: БЕСА ги покажа своите опозициски позиции, изминативе месеци има низа критики кон актуелната Влада
Скопје, 24 јули 2022 (МИА) - Движењето БЕСА ги покажа своите опозициски позиции и во сите овие месеци има низа критики кон актуелната Влада во сите сфери, истакна генералниот секретар на партија, Арјанит Хоџа на својот Фејсбук профил реагирајќи на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека има дилема околу тоа дека опозициските партии на Албанците се во опозиција, бидејќи не биле критички настроени кон власта. - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси, ја постави дилемата дали албанската опозиција е против оваа Влада или не, што уште еднаш ја докажува како точна дилемата што ја поставив пред неколку недели дека ВМРО-ДПМНЕ маестрално кокетира со ДУИ, појавувајќи се во јавност како да се напаѓаат, а резултатите од оваа „пресметка“ на ВМРО-ДУИ се во служба на зголемување на партискиот рејтинг на овие субјекти, вели Хоџа во објавата. Македонските партии, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, според Хоџа, не успеале да разберат дека Движењето БЕСА не е политички субјект што може да се управува од нивните партиски штабови. - Затоа, пријателски предлог до господинот Мицкоски, видете го делувањето на Движењето БЕСА во сите овие години и ќе разберете дека во Движењето БЕСА политичките дејствија се автохтони, автономни и автентични!, пишува Хоџа во Фејсбук објавата. фф/вг/

Остани поврзан