• вторник, 24 декември 2024

Хофер: Нема да се кандидирам против Ван дер Белен

Хофер: Нема да се кандидирам против Ван дер Белен
Виена, 2 јуни 2020 (МИА) - Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Норберт Хофер изјави дека нема да се кандидира на следните претседателски избори доколку противкандидат му биде сегашниот претседател на Австрија, Александер ван дер Белен. Во изјавата за виенскиот весник „Курир“, Хофер вели дека уште еднаш нема да се кандидира против Ван дер Белен. - Ако Ван дер Белен повторно се кандидира, тогаш јас нема да се кандидирам. На партијата не би и препорачал кандидатура, затоа што по правило не е можно да се победи против претседател кој повторно се кандидира, порача Хофер, кој во мај 2016 година загуби во вториот круг од Ван дер Белен. Следните претседателски избори во Австрија се планирани за 2022 година, а прашање е дали Ван дер Белен (76) ќе се кандидира за нов мандат. паг/  

Остани поврзан