• понеделник, 23 декември 2024

Хоспитализиран еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче

Хоспитализиран еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е префрлен на државната клиника.

Бранителот на Видевски, адвокатот Бојан Манев за МИА вели дека Видевски се наоѓа во тешка здравствена состојба и вчера бил пренесен на Клиника за нефрологија.

- Пратено барање и жалба на притвор. Барам цело време да се издржува во болнички услови, бидејќи реално не е за издржување затворски притвор. Последна жалба е на 5 септември и немаме никаков одговор, изјави Манев за МИА. 

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември, кога на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд во Скопје седнаа, првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. аа/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан