Хорор-класиката „Знам што направивте минатото лето“ продолжува летово
- Џенифер Лав Хјуит и Фреди Принц Јуниор ги повторуваат своите улоги. Деновиве е објавен и првиот трејлер.

Лос Анџелес, 23 април 2025 (МИА) - Речиси 30 години попрвиот филм, хорор-класиката „Знам што направивте минатото лето“ (I Know What You Did Last Summer) доживува ново продолжение. Деновиве е објавен и првиот трејлер.
Новата видоизменета приказна го спојува современото злосторство (и сериски убиец) со настаните од првиот филм од 1997 година. Џенифер Лав Хјуит и Фреди Принц Јуниор ги повторуваат своите улоги. Но, главните ликови овојпат ги толкуваат Николас Александар Чавез, Били Кембел, Габриела Ли Бехтел - Габриет, Остин Николс и Лола Тунг. Џенифер Кејтин Робинсон го режира филмот по сценарио на Леа Мекендрик, Сем Лански и самата Робинсон.
Ова ќе биде четврти филм од оваа приказна. Во киносалите во САД и ширум светот ќе се прикажува од 18 јули годинава. си/
Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок