• недела, 22 декември 2024

Хонда може да ја купи Алфа Таури пред 2026 година

Хонда може да ја купи Алфа Таури пред 2026 година

Лондон, 15 декември 2022 (МИА) - Хонда ја извести ФИА за својата намера да се врати во Формула 1 од 2026 година, а јапонската фирма има различни опции за враќање.

Компанијата го напушти шампионатот на крајот од сезоната 2021 година, иако продолжува да работи со Ред Бул и Алфа Таури.

Во 2026 година, според „Autosport“, Хонда би можела да стане само производител, но разгледувани се и други опции во последните денови. Една од нив е соработката со Алфа Таури, која може да стане фабричка екипа на Хонда, па дури и стекнување на тимот во своја сопственост.

Изданието, исто така, ја потврдува информацијата дека Форд би можел да стане снабдувач ос мотори во Ред Бул, како што објави германскиот печат во ноември. зс/

Остани поврзан