Холанд не е болен од коронавирус
- Дваесет-годишниот топ стрелец не тренираше во петокот поради болно грло, што предизвика сомневања дека може да има коронавирус.
Дортмунд, 15 август 2020 (МИА) - Норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд го продолжи тренингот со тимот во саботата, јави ДПА.
Дваесет-годишниот топ стрелец не тренираше во петокот поради болно грло, што предизвика сомневања дека може да има коронавирус.
Сепак, се покажа дека Холанд имал настинка и претстојниот контролен натпревар со Австрија Виена, закажан за в недела, ќе се одржи.
Екипата на Борусија Дортмунд е на тренинг камп во Бад Рагас, Швајцарија, а контролната со Австрија ќе се случи во Алтач.