Холанд го постигна првиот гол во Бундеслигата по продолжението на сезоната
- Напаѓачот на Борусија, Ерлинг Холанд го отвори резултатот во мечот од 26. коло во Бундеслигата против Шалке.

Дортмунд, 16 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Борусија, Ерлинг Холанд го отвори резултатот во мечот од 26. коло во Бундеслигата против Шалке.
Во 29-та минута од средбата, 19-годишен Норвежанец го реализира првиот гол во Бундеслигата по продолжението на сезоната, прекината поради коронавирус.
Деветнаесетгодишниот Норвежанец го изведе танцот по постигнатиот гол додека одржуваше социјална дистанца.
За Холанд ова е 10. гол на девет натпревари во Бундеслигата. зс/