• недела, 22 декември 2024

Холандската полиција уапси 1.000 климатски активисти во Хаг

Холандската полиција уапси 1.000 климатски активисти во Хаг

Амстердам, 3 февруари 2024 (МИА) - Полицијата во Хаг соопшти дека денеска уапсила околу 1.000 климатски активисти поради повторно блокирање на главниот градски автопат, јави ДПА.

Минатата година, климатската група Extinction Rebellion (XR) го блокираше автопатот А12 во Хаг десетици пати за да побара од Холандија да ги намали сите државни субвенции за фосилни горива како јаглен, нафта и гас.

Градот соопшти дека автопатот ќе биде исчистен, а потоа повторно отворен за сообраќај.

За нешто повеќе од една недела актуелниот холандски министер за енергетика, Роб Јетен планира да достави предлози до идната влада за намалување на субвенциите.

Големо мнозинство во холандскиот парламент во октомври гласаше за намалување на државните субвенции за фосилни горива и ја повика владата да даде конкретни предлози пред крајот на 2023 година.

Јетен вчера побара од климатските активисти „неколку дена трпение“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан