• петок, 22 ноември 2024

Хитроу: Отворете ги границите за целосно вакцинираните патници од ЕУ и од САД

Хитроу: Отворете ги границите за целосно вакцинираните патници од ЕУ и од САД
Лондон, 26 јули 2021 (МИА) - Управата на лондонскиот аеродром Хитроу ја повика британската Влада денеска повторно да овозможи патување за целосно вакцинирани патници од ЕУ и од САД, откако претходно беше објавено дека вкупните загуби на аеродромот од пандемијата достигнаа 2,9 милијарди фунти. Помалку од четири милиони патници поминале низ Хитроу во првата половина на годината, додека во 2019 година биле потребни само 18 дена да се достигне таа бројка, објави весникот Гардијан. Хитроу предупреди дека бројот на патници оваа година може да биде помал отколку во 2020 година. Приближно 22,1 милиони патници го користеле аеродромот во 2020 година, од кои повеќе од половина патувале во јануари и во февруари, пред пандемијата, што доведе до колапс на побарувачката. ми/

Остани поврзан