• понеделник, 01 јули 2024

Хилари Клинтон заразена со коронавирусот

Хилари Клинтон заразена со коронавирусот
Вашингтон, 23 март 2022 (МИА) - Поранешната прва дама на Америка и претседателски кандидат на избори, Хилари Клинтон објави дека е позитивна на коронавирусот. „Се тестирав и сум позитивна на Ковид. Имам благи симптоми на настинка и се чувствувам добро. Поблагодарна сум од кога било за вакцините што штитат од сериозниот тек на болеста“, напиша таа на Твитер. Клинтон (74) апелираше до граѓаните на САД да земат засилена доза, доколку тоа се уште не го направиле. паг/

Остани поврзан