Хеликоптерот на МВР фрли над 125 тони вода врз пожарите кај Прилеп и Катланово
- Хеликоптерот Ми-171 од Хеликоптерската единица за посебни намени во МВР дејствуваше врз пожарите во реонот на Прилеп и во Катланово, соопшти МВР.

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Хеликоптерот Ми-171 од Хеликоптерската единица за посебни намени во МВР дејствуваше врз пожарите во реонот на Прилеп и во Катланово, соопшти МВР.
Според МВР, во 50 налети фрлени се над 125 тони вода.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19:00 часот вечерва има вкупно 26 пожари на отворен простор од кои 18 се изгаснати, а активни се осум. Во скопскиот регион има два активни пожара, во општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово, каде гори нискостеблеста шума и во Општина Чучер-Сандево, кај селото Танушевци, во месноста викана „Рамно“, каде гори мешана шума. мч/aa/
фото: принт скрин