• петок, 05 декември 2025

Хеликоптерот на МВР повлечен од Визбегово поради густиот чад

Хеликоптерот на МВР повлечен од Визбегово поради густиот чад

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи „aгуста бел 212“ кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово, е повлечен поради силиот ветер и густиот чад. 

- Хеликоптерот на МВР „aуста бел 212“ беше упатен да помогне во гасењето на пожарот во Визбегово. Беа извршени повеќе фрлања на вода но поради засилениот ветер и густиот чад, за сега хеликоптерот е повлечен во базата, соопшти МВР.

Покрај хеликоптерот, во гаснењето на пожарот е вклучен и еден авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот се гасне и од копно и во акцијата се вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила на „Комунална хигиена“. 

Пожарот беше пријавен во СВР Скопје во 09:16 часот. Се појави на отпад со стари хаварисани возила со плински боци поради што повремено се слушаа и детонации. 

Приведен е сопственикот на отпадот, а во пожарот, според информациите од МВР, повредено е едно лице кое е упатено на укажување медицинска помош. бак/вг/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан