• петок, 05 декември 2025

Хезболах: Планот за разоружување е можност за разум и мудрoст

Хезболах: Планот за разоружување е можност за разум и мудрoст

Бејрут, 6 септември 2025 (МИА) – Хезболах го оцени вчерашното одобрување на планот на либанската армија за нејзино разоружување како „можност за враќање на разумот и мудроста“ со цел да се избегне втурнување на Либан во неизвесност.

Либанската Влада усвои предлог на армијата за разоружување на организацијата и најави дека армијата ќе започне со примена на планот, иако не беше наведено кога.

Кабинетот подвлече дека војската располага со ограничени ресурси и предупреди дека продолжувањето на израелските воени операции на либанска територија може да го попречи процесот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан