• понеделник, 23 декември 2024

Хезболах тврди дека го ракетирал Израел како одмазда за воздушните напади

Хезболах тврди дека го ракетирал Израел како одмазда за воздушните напади
Ерусалим, 6 август 2021 (МИА) - Либанската екстремистичка организација Хезболах денеска соопшти дека истрелала ракетни проектили врз израелски позиции во близина на либанската граница како одмазда за претходните воздушни напади.
Во соопштението на Хезболах се наведува дека се ракетирани отворени области во близина на израелските позиции во фармите Шеба.
Други детали не се соопштени.
Израелската армија денеска претходно соопшти дека се активирани сирените на северот на земјата, што се смета за предупредување за нови напади преку границата со Либан. Како што е наведено во соопштението, сирените се огласија околу 11 часот по локално време во Голанската висорамнина и во областа Горна Галилеја во близина на либанската граница. Израелската армија соопшти дека проверува што се случува и дека треба да се провери и дали проектилите биле истрелани кон Израел, пренесоа израелските медиуми. Во средата, три ракети беа истрелани кон северот на Израел од Либан, две паднаа на отворено подрачје, а третата не прелета преку границата. Израелските власти веруваат дека биле истрелани од членови на палестински организации, а не од Хезболах. Во знак на одмазда, израелската армија истрела артилериски гранати веднаш по ракетирањето, а неколку часа подоцна беа извршени воздушни напади, чија цел беше терористичката инфраструктура и местата каде што беа истрелани ракетите. Како што пренесуваат странските агенции, ескалацијата на насилството се случи во чувствителен политички момент кога Либан одамна нема функционална влада и се соочува со голема економска криза. Израел има нова влада од јуни, составена од партии од левицата, центарот и десницата и една мала исламска арапска. паг/

Остани поврзан