• сабота, 23 ноември 2024

Хеви-метал бендот „Кис“ ги потврди своите проштални концерти

Хеви-метал бендот „Кис“ ги потврди своите проштални концерти

Њујорк, 3 март 2023 (МИА) - Пол Стенли и Џин Симонс од хеви-метал бендот „Кис“ на „Шоуто на Хауард Стерн“ објавија дека последните концерти на бендот ќе се одржат на 1. и 2 декември во салата „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.

- Завршуваме таму каде што почнавме. Кога ќе дојдете да го гледате настапот, тоа ќе биде прекрасно... Очигледно ќе биде неверојатен рокенрол-настап. Тоа ќе биде сè што е „Кис“ - само засилено и зголемено. Му даваме се што имаме, изјави Стенли опкружен со своите нашминкани и маскирани колеги од групата.

Симонс додаде дека самиот тој сигурно „ќе плаче како деветгодишно девојче“ на последните мигови на „Кис“ на сцената.

Билетите за проштални натапи на Турнејата „Крајот на патот“ (The End of the Road Tour) ќе бидат достапни во 10 часот, на 6 март, на kissonline .com /tour , а потоа и на livenation .com .

Местото на крајот има смисла оти оваа рок-приказна тука и почна - во Њујорк, 1973-та, точно пред 50 години. Прошталната турнеја на бендот почна во јануари 2019, и требаше да заврши во „Медисон сквер гарден“ во јули 2021 година. Но, одложувањата поради корона-пандемијата го поместија и крајот на турнејата токму за годинава.  си/сд/

Фото: Википедија.

Остани поврзан