Хаџиу: Османи, Курти и Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија
- Што се однесува до тужбата за геноцид, таа е во програмата на Владата. Во овој процес се ангажирани Курти, Османи и Коњуфца. Поради чувствителноста на ова прашање не можеме да дадеме повеќе детали, но ве уверувам дека се занимаваме со ова прашање, рече Хаџиу.

Приштина, 8 ноември 2023 (МИА) - Косовската министерка за правда Аљбуљена Хаџиу денеска изјави дека претседателката на Косово, премиерот и претседателот на Собранието, Вјоса Османи, Албин Курти и Гљаук Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија, пренесе Бета.
Хаџиу на прес-конференцијата не ги откри деталите за оваа тужба, но рече дека се работи на неа, јавуваат приштинските медиуми.
-Што се однесува до тужбата за геноцид, таа е во програмата на Владата. Во овој процес се ангажирани Курти, Османи и Коњуфца. Поради чувствителноста на ова прашање не можеме да дадеме повеќе детали, но ве уверувам дека се занимаваме со ова прашање, рече Хаџиу. сд/
фото:МИА архива