• четврток, 16 мај 2024

Хашек нов селектор на Чешка

Хашек нов селектор на Чешка

Прага, 4 јануари 2024 (МИА) – Фудбалската федерација на Чешка (ФАЦР) го назначи денеска Иван Хашек за нов селектор и под негово водство ќе настапи на Европското првенство кое од 11 јуни до 11 јули идната година ќе се одржи во Германија.

Хашек потпиша договор до ноември 2025 година, со можност за продолжување на соработката ако Чешка се пласира на Мундијалот 2026, најави претседателот на ФАЦР, Петр Фоушек.

Новиот чипки селектор доаѓа на местото на Јарослав Шилхави, кој на 30 ноември поднесе оставка на должноста откако ѝ донесе пласман на Чешка на ЕУРО 2024.

Чешка на завршниот турнир во Германија ќе игра во групата Ф против Португалија, Турција и една репрезентација од баражот кој се игра в март, а како дел од подготовките за ЕУРО 2024, на 10 јуни на домашен терен ќе одигра контролен натпревар против македонската фудбалска репрезентација. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан