• понеделник, 23 декември 2024

„Хасбро“ го прекинува производството на играчката со ликот на Џина Карано

„Хасбро“ го прекинува производството на играчката со ликот на Џина Карано
Лос Анџелес, 18 февруари 2021 (МИА) - Компанијата „Хасбро“ го прекинува производството на играчката со ликот на Џина Карано од „Војна на ѕвездите“ и „The Mandalorian(Мандалорец), откако глумицата беше отпуштена од „Лукасфилм“. „Со огромно задоволство Ви соопштуваме дека ги привршивме производите со ликовите од ’Мандалорец‘ за нашите обожаватели. Хасбро го заврши целиот производ за сезоната бр. 1 и 2 со Кара Дјун, и во мигов нема планови да се создаваат повеќе од нив. Активно работиме со нашите партнери за продажба на мало на постојните нарачки“, соопшти компанијата за играчки. Имено, глумицата беше обвинувана дека објавувала свои, некоректни ставови околу холокаустот, полупропагандни пораки за неносење маски, како и лажни вести за изборите во САД, според многумина - во корист на Доналд Трамп. Потоа таа беше отпуштена од ТВ-проектот „Мандалорец“. Во една од објавите, таа го споредува и односот кон конзервативците во САД, со оној на нацистите и фашистите кон своите противници. Карано лани глумеше во седум епизоди од серијата „Мандалорец“. си/

Остани поврзан