• понеделник, 23 декември 2024

Хари и Меган ја посетија кралицата Елизабета

Хари и Меган ја посетија кралицата Елизабета
Лондон, 15 април 2022 (МИА) - Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл вчера се сретнале со кралицата Елизабета Втора, потврди неговиот гласноговорник, откако весникот „Сан“ извести за посетата. Според наводите, двојката попатно застанала во Обединетото Кралство пред да отпатуваат кон Хаг, Холандија, каде што ќе присуствуваат на „Инвиктус“ игрите. Се додава и дека Хари претходно изјавил дека се надева дека ќе се види со својата баба. „Сан“ наведе дека Хари и Меган се виделе и со принцот Чарлс при посетата на дворецот Виндзор. Бакингемската палата одби да даде коментар. Хари, кој се пресели во САД со Меган, минатиот месец ја пропушти комеморацијата за неговиот дедо, принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина во април лани. Неговото отсуство се случи по несогласувањата со Британската влада околу безбедносната заштита за време на неговиот престој во Велика Британија. Кралицата подоцна овој месец ќе наполни 96 години. Таа, како што е познато, има проблеми со движењето, па не присуствуваше на овогодишната миса за Велики четврток во капелата „Сент Џорџ“ кај Виндзор. Таа, исто така, нема да присуствува ни на неделната велигденска миса во Виндзор. си/сд/

Остани поврзан