Мадона со поддршка за демонстрантите во Иран
- Американската пејачка Мадона на Инстаграм го поддржа демонстрантите во Иран
Вашингтон, 16 јануари 2026 (МИА) – Американската пејачка Мадона на Инстаграм го поддржа демонстрантите во Иран.
- Додека размислувам за својот престој во Мароко за време на празниците, мислам на сите луѓе во Иран кои се борат за многу потребната револуција и се подготвени да умрат за она во што веруваат, објави Мадона.
Таа додаде дека задушувањето на слободите во Иран поттикнува на размислување за сопствениот живот и слободи.
- Сега е време. Издржете! Го поддржувам Иран. Нека се слушнат нивните гласови. СЛОБОДЕН ИРАН!, наведе Мадона. мв/ми/
фото: МИА архива