• петок, 22 ноември 2024

Хамилтон: Ќе се вратам посилен после паузата

Хамилтон: Ќе се вратам посилен после паузата
Бракли, 21 мај 2020 (МИА) - Светскиот шампион Луис Хамилтон изјави дека ќе се врати на патеката во уште подобра форма отколку што беше пред присилната пауза во Формула 1. Британскиот возач на Мерцедес не престана да тренира и е подготвен да даде се од себе кога првенството ќе продолжи. Во интервју, Луис рече дека одржува постојан контакт со својот тим и заедно се подготвуваат за рестартирање на сезоната затоа што сакаат да бидат број еден од првата трка. - Се надевам дека ќе се вратам подобар. Најверојатно, кога повторно ќе седнеме во автомобилите и ќе се најдеме на патеката за тренинг од првиот петок, сите ќе бидеме во форма. Значи, ќе биде многу интересно да се види како започнуваме. Одржувам контакт телефонски со тимот - разговарам со Боно, мојот тркачки инженер, со Џејмс, нашиот главен стратег и разговараме за планот. Мислам дека е многу важно да пристигнеме подготвени и да ги користиме сите алатки што ги имаме, вели Британецот. Тој вели дека не сака да поминува многу време во симулаторот, но сега ќе биде важно да направи доволно симулации на трките за да биде сигурен дека кога ќе излезе за првата трка, ќе биде подготвен. - Ќе биде вистински предизвик за сите, затоа што ќе мора да започнеме како да не сме пропуштиле осум трки досега. Не знам дали ќе успееме, но важно е да го поставиме тоа како цел, додаде Луис.

Тагови

Остани поврзан